Јужноамериканско првенство во фудбал 1926
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноамериканско првенство во фудбал 1926 — 10-то издание на првенството кое денес е познато како Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Чиле од 12 октомври — 3 ноември 1929 година. На турнирот учествувале 5 репрезентации. Турнирот бил освоен од страна на Уругвај, второто место припаднало на репрезентацијата на Аргентина а третото на репрезентацијата на Чиле. Давид Арељано, репрезентативец на Чиле, бил најдобар стрелец со 7 голови.[2]
Кратки факти Јужноамериканско првенство во фудбал 1926, Податоци за првенството ...
Јужноамериканско првенство во фудбал 1926 | |
---|---|
Стадион Кампос де спортс де Њуња. | |
Податоци за првенството | |
Земја | Чиле |
Датум на одржување | 12 октомври — 3 ноември |
Екипи | 5 (од 1 конфедерација) |
Стадиони | 1 (во 1 граддомаќин) |
Финални резултати | |
Шампион | Уругвај (6-ти) |
Второ место | Аргентина |
Трето место | Чиле |
Четврто место | Парагвај |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 10 |
Постигнати голови | 55 (5.5 по натпревар) |
Голгетер | Давид Арељано (7 голови) |
Најдобар играч | Хосе Андраде[1] |
← 1925 1927 → |
Затвори