Волк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Волкот (Canis lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за семејство. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.
Кратки факти Волк Период: Доцен Плеистоцен–Сегашност, Заштитен статус ...
Волк Период: Доцен Плеистоцен–Сегашност | |
---|---|
Евроазиски волк (Canis lupus lupus) во Шведска | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Canidae |
Потсемејство: | Caninae |
Племе: | Canini[2] |
Род: | Canis |
Вид: | C. lupus |
Научен назив | |
Canis lupus Linnaeus, 1758 | |
Подвидови | |
39 подвидови | |
Распространетост. Зелено, присутен; црвено, истребен. |
Затвори