Гвајана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гвајана (англиски: Guyana) или официјално Кооперативна Република Гвајана (Co-operative Republic of Guyana[1]) е држава во свероисточниот брег на Јужна Америка. Поранешното име на Гвајана било Британска Гвајана што всушност била колонија и поради тоа денес е дел од англофонските држави. На исток, Гвајана граничи со Суринам, на југ со Бразил, на запад со Венецуела и Бразил и на север и северозапад излегува на Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Гвајана е 214.999 км2 каде живеат околу 772.298, главен град е Џорџтаун и службен јазик е англискиот јазик. Според површината, Гвајана е третата најмала држава во Јужна Америка, веднаш пред Уругвај и Суринам.
- Ова е статија за државата во Јужна Америка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Кооперативна Република Гвајана Co-operative Republic of Guyana[1] |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Еден народ, една нација, една судбина“ | ||||||
Химна: "Драга Гвајано, земјо на реки и рамници" |
||||||
Главен град | Џорџтаун 6°46′N 58°10′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Признаени регионални јазици | гвајански креолски, португалски, шпански, акаваио, макуши, ваи ваи, аравачки | |||||
Народности | 43,5% индијци, 30,2% црнци, 17% мешани, 9,1% староседелци[2] | |||||
Демоним | Гвајанци | |||||
Уредување | полупретседателска република | |||||
• | Претседател | Ирфан Али | ||||
• | Премиер | Марк Филипс | ||||
Независност | ||||||
• | Холандска Гвајана | 1667-1814 | ||||
• | Британска Гвајана | 1814-1966 | ||||
• | од Обединето Кралство | 26 мај 1966 | ||||
• | Република | 23 февруари 1970 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 214,970 км2 (85-та) | ||||
• | Вода (%) | 8.4 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2014 г. | 735,554[2] (165-та) | ||||
• | Попис 2002 | 751,223[3] | ||||
• | Густина | 3.5 жит/км2 (225-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2012 г. | |||||
• | Вкупен | $6.155 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $7.938[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2012 г. | |||||
• | Вкупно | $2.788 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $3.596[4] | ||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.636[5] среден · 118-та |
|||||
Валута | гвајански долар (GYD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-4) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .gy | |||||
Повик. бр. | 592 | |||||
1. | Околу една третина од населението живее во главниот град. |
Територијата денес позната како Гвајана била откриена од европските доселеници во 1498 година и 500 години била спорна точка помеѓу Шпанија, Франција, Холандија и Велика Британија. Денес, како резултат на британското влијание, е единствената држава во Јужна Америка дел од Комонвелтот на нациите. Својата независност Гвајана ја стекнала во 1966 година. Регионот „Гвајана“ низ колонијалната историја била поделена на неколку делови како: Шпанска Гвајана (источна Венецуела), Португалска Гвајана (северен Бразил), Британска Гвајана, Холандска Гвајана (Суринам) и Француска Гвајана.