Геја (митологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геја во старогрчката митологија е мајката Земја, која е родена од Хаос, мајка на Уран. Геја го родила Уран, кој подоцна, пак, ѝ станал сопруг. Од нивниот брак се родиле Понт, Титаните, Гигантите[1].
Геја | |
---|---|
Земјата | |
Симбол | рог на изобилството, цвеќе, плодови и дијадема |
Сопружник | Уран, Зевс, Понт, и Посејдон |
Родители | Хаос |
Браќа/сестри | Никта, Ерос, Ереб и Тартар |
Деца | Понт, Титани, Хекатонхири, и Киклопи |
Геја имала голема улога во создавањето на универзумот. Соединувајќи се со Уран, биле родени првите богови, односно Титаните. Најпрвин биле родени Океан и Тетиjа, од чие потомство, пак, се родиле Река и Океанида.
Според митологијата, таа ѝ помогнала на својата ќерка Реја, да го сокрие Зевс во една пештера во Крит, бидејќи нејзиниот сопруг Крон ги голтал сите деца кои биле раѓани од неа за да не му го заземат престолот[2]. Подоцна, таа му помогнала на својот внук Зевс во борбата против Титаните во Титаномахијата. Сепак, во последната борба помеѓу боговите, во Гигантомахијата, таа била против Зевс, барајќи по светот една билка која ги лечела Гигантите.