Уран (митологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Уран (грчки: Ουρανός) во старогрчката митологија бил врховен бог, првиот владетел со вселената, крал на небото. Тој бил прародител на сите останати богови, односно според старогрчката митологија тој бил првиот бог, кој немал родители. Тој бил син на Геја. По неговото раѓање, Геја му станала сопруга. Тој е татко на титаните, киклопите и хекатонхирите.
Уран | |
---|---|
Исконски бог на небото | |
Живеалиште | Небо |
Сопружник | Геја |
Родители | Геја(Хесиод) or Етер и Геја or Етер и Хемера or Никта |
Деца | Титани,Киклопи, Џинови, Хекатонхири и Афродита[1] |
Тој своите деца ги затворал во Тартар, но Геја го убедила на Крон да застане на страната против својот татко. Во почетокот, Уран и Геја биле сојузници, но подоцна биле во спротивни табори.
Според Цицерон, во делото Природа на боговите (De Natura Deorum), родители на Уран биле Етер и Хемера, односно Воздухот и Денот. Според други митови пак, тој бил син на Ноќта.
Негов еквивалент во римската митологија е Целус.