Грозје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грозје e плод на растението од родот Vitis (винова лоза) кое често се именува и како едно од 12 основни врсти на винови лози од кои се прави поголемиот дел на светските вина. Порано вината се означувале спрема подррачјето на кое се одгледува грозјето, но подоцна бројот на производителите толку многу пораснал, така што означувањето било сведено спрема сортата на грозјето. Грозјето е вид на овошје кое расте во кластери од 15 до 300, и може да биде црвено, црно, темносино, жолто, зелено, портокалово и розово. „Белото“ грозје е всушност зелена боја, и еволуционо е изведено од пурпурното грозје. Мутација во двата регулаторни гени на белото грозје исклучуваат продукција на антоцијанин, кој е одговорен за бојата на пурпурното грозје.[1] Антоцијанините и другите пигментни хемикалии од големото семејство на полифеноли во пурпурното грозје се одговорни за различните нијанси на пурпурна боја во црвените вина.[2][3] Зрната на грозјето имаат типични елипсоидни облици, кои потсеќаат на проширен сфероид.
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 288 kJ (69 kcal) |
18,1 г | |
Шеќери | 15,48 г |
Влакна | 0,9 г |
Масти | 0.16 г |
0,72 г | |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (6 %) 0,069 мг |
Рибофлавин (Б2) | (6 %) 0,07 мг |
Ниацин (Б3) | (1 %) 0,188 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (1 %) 0,05 мг |
Витамин Б6 | (7 %) 0,086 мг |
Фолна кис. (Б9) | (1 %) 2 μг |
Холин | (1 %) 5,6 мг |
Витамин Ц | (4 %) 3,2 мг |
Витамин Е | (1 %) 0,19 мг |
Витамин К | (14 %) 14,6 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 10 мг |
Железо | (3 %) 0,36 мг |
Магнезиум | (2 %) 7 мг |
Манган | (3 %) 0,071 мг |
Фосфор | (3 %) 20 мг |
Калиум | (4 %) 191 мг |
Натриум | (0 %) 2 мг |
Цинк | (1 %) 0,07 мг |
Други состојки | |
Флуорид | 7,8 µг |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |