Гуџаратски јазик
јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гуџаратски јазик (ગુજરાતી gujarātī) — индоариски јазик — матичен и службен јазик на сојузната држава Гуџарат и териториите Даман и Диу и Дадра и Нагар Хавели во Индија. Припаѓа на поширокото индоевропско јазично семејство. Потекнува од старогуџаратскиот (1100–1500), кој е предок и на денешниот раџастански.
Гуџаратски | |
---|---|
ગુજરાતી гуџарати | |
Изговор | /ɡudʒ(ə)ˈɾat̪i/ |
Застапен во | Индија |
Подрачје | Гуџарат |
Народ | Гуџаратци |
Говорници | 66 милиони (2011)[1] |
Јазично семејство | |
Писмо | гуџаратска азбука (индиска) арапска азбука деванагари (во минатото) |
Статус | |
Службен во | Гуџарат (Индија)[3] Даман и Диу (Индија) Дадра и Нагар Хавели (Индија) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | gu |
ISO 639-2 | guj |
ISO 639-3 | guj |
Застапеност на гуџаратскиот како мајчин јазик во Индија |
Говорниците на гуџаратскиот сочинуваат 4,5% од светското население, со 54,6 милиони говорници во самата Индија[4] и 65,5 во светот. Заедно со ромскиот и синдскиот, спаѓа во најзападните јазици од групата. Гуџаратскиот е мајчин јазик на разни истакнати дејци како државотворците Махатма Ганди („Таткото на Индија“) и Валабај Пател („Железниот човек на Индија“), духовникот Дајананда Сарасвати, политичкиот деец Морарџи Десај, поетот Нарси Мехта, големостопанственикот Дирубај Амбани, воздухопловецот Џ.Р.Д. Тата и државникот Мухамед Али Џина („Таткото на Пакистан“).