Девица (галактичко јато)
галактичко јато / From Wikipedia, the free encyclopedia
Девица — јато галаксии чие средиште е на далечина од 53,8 ± 0,3 мсг (16,5 ± 0,1 мпс)[2] во соѕвездието Девица. Опфаќа околу 1.300 до 2.000 галаксии,[3] и го сочинува јадрото на поголемото суперјато Девица, во чиј состав е Месната Група со нашиот Млечен Пат. Се проценува дека јатото има маса од 1,2×1015 M☉ во делот од 8 степени од јатното средиште или пречник од 2,2 мпс.[4]
Девица | |
---|---|
Јатото Девица. Најголема галаксија Месје 87 (долу-лево). | |
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездија | Девица и Береникина Коса |
Ректасцензија | 12ч 27м[1] |
Деклинација | +12° 43′[1] |
Најсјаен член | Месје 49 |
Бр. на галаксии | ~1.500[1] |
Бауц-морганова класа | III[1] |
Врзивна маса | 1015 M☉ |
Посјајните галаксии во јатото се откриени во последните децении на XVIII век и заведени во Месјеовиот каталог како „маглини без ѕвезди“ и се сметале за такви сè до 1920-тите.[5][6]
Јатото се оптега по лак од 8 степени со средиште во соѕвездието Девица. Иако најсјајните објекти се забележливи со скромен инструмент, телескопите со пречник од 15 см доловуваат 160 галаксии при добри услови. Најсјаен објект на јатото Девница е елиптичната галаксија Месје 49, иако најпознат е елиптичната галаксија Месје 87 во неговото средиште.[7]