Девица (суперјато)
суперјато на галаксии / From Wikipedia, the free encyclopedia
Девица или Месно Суперјато — масовна концентрација на галаксии во која спаѓа јатото Девица и Месната Група, која пак ги содржи галаксиите Млечен Пат и Андромеда и разни други. Барем 100 галактички групи и јата се наоѓаат во полупречник од 33 мегапарсеци (110 милиони светлосни години). Суперјатото Девица е едно од околу 10 милиони суперјата во видливата вселена и се наоѓа во суперјатниот комплекс Риби-Кит кој е галактичка нишка.
За за истоименото галактичко јато, видете Девица (галактичко јато).
Кратки факти Девица, Податоци од набљудување (епоха J2000) ...
Девица | |
---|---|
Растојанија од Месната Група до некои групи и јата во Месното Суперјато | |
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Матична структура | Ланијакеја |
Црвено поместување | Доплерово |
Врзивна маса | ~1,48 × 1015[1] M☉ |
Сјајност | 3×1012 L☉[1] (вкупно) |
Други назнаки | |
Месно Суперјато, LSC, LS |
Затвори
Во 2014 г. е утврдено дека суперјатото Девица е само еден дел од поголемото суперјато Ланијакеја, кое исто така се нарекува Месно Суперјато сосредоточено во Големиот Привлекувач.[2]