Електричен генератор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Електричен генератор (струјотвор) — вртечка машина којашто механичката енергија ја претвора во електрична.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Во производството на електрична енергија, електричниот генератор е уред кој ја претвора механичката енергија во електрична енергија. Обратното претворање на електричната енергија во механичката енергија се врши со помош на електромотор; моторите и генераторите имаат многу сличности. Генераторот ги присилува електроните во намотките да течат низ надворешните електрични кола. Може да се направи аналогија со пумпа за вода, таа создава проток на вода, но не создава вода во внатрешноста. Извор на механичка енергија може да биде парна турбина, вода која паѓа низ турбина или тркало, мотор со внатрешно согорување, турбина на ветер, компресиран воздух или кој било друг извор на механичка енергија.