Жеглиговски манастир
манастир кај Матејче, Кумановско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Жеглиговски манастир (во поново време познат како Матеички манастир) — македонски православен манастир во атарот на кумановското село Матејче[1], во областа Жеглигово, по која е традиционално наречен. Подигнат е на надморска височина од 1005 метри, на југоисточните падини на планината Скопска Црна Гора, од нејзината кумановска страна. Манастирскиот комплекс е сочинет од црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица изградена во македонски стил и конаците што денес се обновени и оспособени за престој на туристи, но се уништени и во разрушена состојба по воениот конфликт од 2001. За историјата на манастирската црква најмногу се дознава од хрисовуљата на цар Милутин од 1300 г., во која е забележано дека нејзината градба ја започнал царот Душан, подигајќи ја врз темели на постара црква, посветена на Света Богородица Црногорска. Фактот дека овој цар започнал со градење на црквата се споменува и во биографијата на цар Урош, каде е наведено дека по смртта на Душан, неговата жена Елена и синот Урош ја доградиле и живописале црквата. Манастирот традиционално бил еден од најважните јужнословенски книжевни центри, особено во XV век. Во него живееле и пишувале монахот Герасим, Владислав Граматик и Исаија Доместик. Најважниот од нив, Владислав Граматик, тука ги напишал трите зборници познати како „Енциклопедија на средновековното знаење", од кои еден денес се наоѓа во Загреб. Во повезот на вториот зборник, „Андријанти“, од 1473 година, пронајдени се (скриени) прочуените Македонски глаголски листови од X век кои претставуваат зачувани музички записи од непроценлива важност за македонската црковна музика.
Поглед на манастирската црква од северозапад | |
Информации | |
---|---|
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | XI век |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Цркви | „Успение на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Основач (и) | Цар Душан, |
Важни личности | Герасим, Владислав Граматик и Исаија Доместик |
Место | |
Место | југозападно од селото Матејче, Општина Липково, Македонија |
Координати | 42°06′32″N 21°33′11″E |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци |