Земфира
From Wikipedia, the free encyclopedia
Земфира, родена Земфира Талгатовна Рамазанова (руски: Земфира Талгатовна Рамазанова, татарски: Земфира Тәлгать кызы Рамазанова, Zemfira Tälğät qızı Ramazanova; на 26 август 1976 година во Уфа, Башкортостан) — руски рок пејач, композитор, продуцент и текстописец. Во 1998 година таа се пресели од Уфа во Москва каде што со својот бенд "Земфира", започна со снимањето на првиот албум кој беше објавен една година подоцна. Од 1999 година, Земфира има објавено шест студиски албуми и има добиено големо внимание од медиумите и од јавноста. Таа е популарна во Русија и другите поранешни советски републики. Земфира влупно има продадено над 3 милиони албуми.[1]
Земфира | |
---|---|
Земфира во 2009 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Земфира Талгатовна Рамазанова |
Роден(а) | 26 август 1976(1976-08-26) (47 г.) |
Потекло | Уфа, Руска СФСР, СССР |
Жанрови | Рок, алтернативен рок, поп-рок |
Период на активност | 1998–денес |
Издавачи | REAL Records, Navigator |
Мреж. место | zemfira.ru |
Во 2004 година, рускиот учебник по историја за 9-то одделение во делот "Духовен живот" ја спомена Земфира како основач на "сосема поинаква" музичка младинска култура (автор на прирачникот е професорот на Московскиот државен педагошки универзитет, Александар Данилов).[2][3] Влијанието на Земфира врз музиката на младите бендови од 2000-тите години и врз помладата генерација воопшто беше големо. Во ноември 2010 година нејзиниот деби албум беше вклучен во списанието "Афиша" на листата "50 најдобри руски албуми на сите времиња според младите музичари" на петто место. На листата исто така беше и албумот "Прости ми моја љубов" на 43-то место.[4][5]