Златкова кула
средновековна кула во Кратово / From Wikipedia, the free encyclopedia
Златкова кула — средновековна кула во градот Кратово прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Кратки факти Златкова кула, Општи податоци ...
Златкова кула | |
---|---|
Поглед на кулата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | кула |
Град | Кратово |
Земја | Македонија |
Завршена | 1365 |
Висина | 14,15 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Затвори
Според стилските особености, кулата е изградена најверојатно во 1365 година.[2] Сместена е во градскиот центар и е една од 12-те одбранбени кули на Кратово.[3] Се наоѓа меѓу Симиќевата кула и Саат-кулата. Има две приземја (горно и долно) и уште два ката. Поставена е на квадратна основа со димензии 6,30 × 6,50 м. Се издига на височина од 14,15 метри. Влезот првично бил од источната страна, но преместен е на денешното место по многубројни реконструкции.[2] Денес влезот е од северната страна.[4]