Златна орда (Алтан Орд) — држава со центар во Долно Поволжие, основана во 1243 од страна на монголскиот Бату Хан (1237 — 1255), син на Џучи Хан, внук на Џингис Хан. До 1266 хановите на Златната орда ја признавале власта на големиот хан во Каракорум, а потоа и на Пекинг. Основната маса на населението ги сочинуваат Куманите. Во 1312 година се исламизирала. Исчезнала во 16 век.