Историја на Данска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пред населувањето на скандинавците, Данска била населена со Келтите. Најстарото данско писмо потекнува од околу 7 век кога настанала и нова рунска азбука. Најстариот град Риба, датира од 810 година. Сè до 11 век, Данците биле познати како Викинзи заедно со Норвежаните и Шведите, кои во тоа време колонизирале, напаѓале и тргувале со многу делови од Европа. Многу иследувачи тврдат дека токму Викинзите се оние кои за првпат пристигнале до Америка и дека всушност тие први ја откриле, патувајќи преку Скандинавија до Исланд преку Гренланд до Америка. Во различно време, Данска владееле со големи делови на Англија и Ирска, Норвешка, Шведска, Финска, Исланд и Франција, делови од Нормандија и Девичанските острови, делови од Балтичкото Море и денешна Германија. Сојузот со норвешка бил раскинат во 1814 година кога Норвешка влегла во сојуз со Шведска во 1905 година.
На 5 јуни 1849 година Данска станала уставна монархија. По Втората Шлесвишка војна од 1864 година, каде била принудена да и ја отстапи покраината Шлезвиг на Прусија, во Данска била прогласена политичка неутралност поради кое во текот на Првата светска војна не учествувала. По војната и поразот на Германија, на Данска и било понудено враќање на Шлезвиг-Холштајн, но таа тоа го одбила. Во 1920 година оваа покраина и бил вратен на Данска. Во текот на Втората светска војна, и покрај неутралноста таа била нападната од Германија во 1940 година и окупирана. По војната таа била една од основачите на НАТО а во 1973 година се приклучила кон Еврпската економска заедница подоцна наречена Европска унија.