Клаудио Писаро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Клаудио Мигел Писаро Босио (шпански: Claudio Miguel Pizarro Bosio, р. 3. октомври 1978. во Каљао) — перуански фудбалер, напаѓач на Вердер Бремен и поранешен репрезентативец на перуанската репрзентација. Тој е познат како плоден стрелец со одлично чувство за постигнување голови, особено со удар со глава.
Клаудио Писаро | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 3 октомври 1978(1978-10-03) (45 г.) | ||
Роден во | Каљао, Перу | ||
Држава | Перу | ||
Висина | &100000000000001840000001,84 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | напад | ||
Повлекување | 6 јули 2020 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1996-1997 | Депортиво Пескеро | 41 | (11) |
1997-1999 | Алианса Лима | 44 | (26) |
1999-2001 | Вердер Бремен | 56 | (29) |
2001-2007 | Бајерн Минхен | 174 | (71) |
2007-2008 | Челси | 21 | (2) |
2008-2012 | Вердер Бремен | 103 | (60) |
2012-2015 | Бајерн Минхен | 50 | (16) |
2015-2017 | Вердер Бремен | 47 | (15) |
2017-2018 | Келн | 16 | (1) |
2018-2020 | Вердер Бремен | 44 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
1999-2016 | Перу | 85 | (20) |
† Учества (Голови). |
Најголемиот дел од својата кариера го поминал играјќи во германската Прва Бундеслига, каде имал два периода во Бајерн Минхен и четири во Вердер Бремен, клубови со кој освоил 17 трофеи, од кои 16 биле со Бајерн. На 23 октомври 2010, Писаро поставил нов рекорд за најмногу постигнати голови од странски фудбалеер во Бундеслигата, надминувајќи го рекордот на Џоване Елбер од 132 гола во натпреварот против Борусија Менхенгладбах.[1] На 3 март 2016, Писаро се искачил на петтото место на списокот на стрелците во историјата на Бундеслигата со 191 гол.[2]
Откако дебитирал за перуанската репрзентација во 1999, Писаро ја претставувал својата земја на четири турнири Копа Америка, вклучувајќи го и настапот во 2015 во Чиле на кое неговата репрезентација го освоила бронзениот медал. Во 2016 година, Писаро објавил крај на својата репрезентативна кариера во која забележал 85 настапи и 20 гола за својата нација.