Крстева кула
средновековна кула во Кратово / From Wikipedia, the free encyclopedia
Крстева кула — средновековна кула во градот Кратово прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Кратки факти Крстева кула, Општи податоци ...
Крстева кула | |
---|---|
Поглед на кулата во 2010 г. | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | кула |
Град | Кратово |
Земја | Македонија |
Завршена | 1371 или 1372 |
Висина | 16,1 м |
Технички податоци | |
Катови | 5 |
Затвори
Се смета дека е изградена во 1371 или 1372 година.[2] Се вбројува во 12-те одбранбени кули на Кратово.[3] Сместена е во градскиот центар, близу Хаџи-Костовата и Еминбеговата кула.
Кулата има приземје и уште 4 ката. Поставена е на квадратна основа, а ѕидовите на првиот кат се дебели 1,2 метри. Висока е 16,1 м. Првично имала два влеза, но денес во неа се влегува само од јужната страна.[2]