Леонски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Леонскиот (llionés) е романски јазик кој се зборува во Кастиља и Леон во Шпанија, како и во мали делови на Португалија. Јазикот всушност е ист со астурскиот и двата се сметаат за еден астуролеонски јазик. Сепак понекогаш се сметаат за посебни јазици, иако нема јасна разлика меѓу нив од јазичен аспект. Моментално се проценува дека леонскиот го зборуваат од 20.000 до 50.000 луѓе.[6][7][8] Западните дијалекти на леонскиот се зборуваат на територијата на галисискиот јазик, и така се создава дијалектен континуум.
Кратки факти Леонски јазик, Застапен во ...
Леонски јазик | |||
---|---|---|---|
llionés | |||
Застапен во | Шпанија, Португалија | ||
Подрачје | Астурија, Леон, Самора во Шпанија[1][2][3] и Рионор и Гвадрамил во Португалија;[4][5] | ||
Говорници | 20,000–50,000 (2008)[6][7] | ||
Јазично семејство | индоевропско
| ||
Статус | |||
Службен во | Од 2010 година, јазикот има специјален статус во Кастиља и Леон, Шпанија | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-3 | – | ||
Linguasphere | 51-AAA-cc | ||
|
Затвори
Леонскиот и астурскиот биле долго време сметани за еден ист јазик, кој се нарекува астуролеонски. Порано се користел поимот „леонски“. Јазикот не е официјално регулиран и нема официјална афирмација на јазикот.