Марибор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марибор (словенечки: Maribor) — втор град по големина во Словенија и најголемиот град во традиционалниот регион Штаерска. Тој е седиште на Градската општина Марибор, седиште на Дравскиот статистички регион и регионот Источна Словенија. Марибор е економско, административно и културно средиште во источна Словенија.
Марибор Maribor | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Град | |||||||
По стрелките на часовникот од горе: Градот покрај Драва; Главен плоштад со Столбот на чумата; Базилика на Мајка Милостива; Стар мост преку Драва; Мариборски замок | |||||||
Местоположба на Марибор. | |||||||
Координати: 46°33′N 15°39′E | |||||||
Држава | Словенија | ||||||
Традиционален регион | Штаерска | ||||||
Статистички регион | Дравски | ||||||
Општина | Марибор | ||||||
Прво споменување | 1164 | ||||||
Градски привилегии | 1254 | ||||||
Површина | |||||||
• Вкупна | 40,98 км2 (1,582 ми2) | ||||||
Надм. вис. | &10000000000002747000000274,7 м | ||||||
Население (2021)[1][2] | |||||||
• Вкупно | 97.019 | ||||||
• Густина | 2.366/км2 (6,130/ми2) | ||||||
Демоним | Мариборец (Mariborčan, машки), Мариборка (Mariborčanka, женски) | ||||||
Час. појас | СЕВ (UTC+01) | ||||||
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+02) | ||||||
Поштенски бр. | 2000 | ||||||
Повик. бр. | 02 | ||||||
Клима | Океанска | ||||||
Регистарски таблички | MB |
Марибор бил прв пат споменат како замок во 1164 година, како населба во 1209 година и како град во 1254 година. Како повеќето Словенечки Земји, Марибор бил под Хабсбуршка власт до 1918 година, кога Рудолф Мајстер и неговите луѓе го зачувале градот кон Државата на Словенците, Хрватите и Србите која потоа се припоила кон Кралството Србија за да го створат Кралството СХС. Во 1991 година, Марибор станал дел од независна Словенија.
Во 2012 година, заедно со португалски Гимарајш, Марибор бил европска престолнина на културата, а една година потоа, во 2013 беше европска престолнина на младите.
Во градот се сместени голем број на установи од национално значење, како што се Универзитетот во Марибор, Институтот за информатички науки, Словенечкиот народен театар Марибор и други.
Марибор има многу поволна позиција на крстосницата на значајни европски патишта, се наоѓа по течението на реката Драва и е во непосредна близина на познатиот планински скијачки центар Похорје.