Марија Шарапова
Руска тенисерка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Марија Јуриевна Шарапова (руски: Мария Юрьевна Шарапова; родена на 19 април 1987) е руска професионална тенисерка. На крајот на 2006 година, таа била најскапо платената спортистка во светот.[2]
Прекар | Маша | |
Земја | Русија | |
Место на живеење | Бредентон, Флорида, САД | |
Дата на раѓање | 19 април 1987(1987-04-19) (36 г.) | |
Место на раѓање | Њагањ, Русија | |
Висина | 1,88m [1] | |
Тежина | 59,1 кг [1] | |
Професионалец | 19 април 2001 | |
Игра со | • десна рака • дворак бекхенд | |
Заработка | 21.012.333 $ | |
Синглови | ||
Резултат: | 647–169 | |
Титули во кариера: | 27 | |
Највисок дострел: | 1 (22 август 2005) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | П (2008) | |
Ролан Гарос | П (2012, 2014) | |
Вимблдон | П (2004) | |
УС Опен | П (2006) | |
Двојки | ||
Резултат: | 23–17 | |
Титули во кариера: | 3 | |
Највисок дострел: | 41 (14 јуни 2001) | |
Шарапова има освоено Златен слем на кариерата, победувајќи на сите четири турнири од Гренд слем. Во 2004 година, на 17 години, таа станала третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над Американката Серена Вилијамс. Две години подоцна ја совладала Жистин Енен во финалето на УС опен од 2006 година. Во 2008 година, по победата над Србинката, Ана Ивановиќ, Шарапова ја освоила и својата трета титула на Гренд слем, овој пат на Австралијан Опен. Во 2012 година Шарапова ја освоила својата 4-та титула на Гренд слем, прва на Роланд Гарос, победувајќи ја италијанската тенисерка Сара Ерани.