Мед
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мед — слатка вискозна супстанца која ја произведуваат пчелите.[1] Пчелите го произведуваат медот од цветниот нектар (растителен секрет богат со шеќери) и го складираат во восочна структура наречена саќе.[2][3] Разновидност на мед произведен од медоносните пчели (од родот Apis) е најпознат поради неговото глобално комерцијално производство и употреба.[4] Медот може да се собира или од дивите колонии на пчели или од кошниците на домашните пчели, дејност која е позната како пчеларство.
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 1,272 kJ (304 kcal) |
82,4 г | |
Шеќери | 82,12 г |
Влакна | 0,2 г |
Масти | 0 г |
0,3 г | |
Витамини | |
Рибофлавин (Б2) | (32 %) 0,38 мг |
Ниацин (Б3) | (1 %) 0,121 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (1 %) 0,068 мг |
Витамин Б6 | (18 %) 0,24 мг |
Фолна кис. (Б9) | (1 %) 2 μг |
Витамин Ц | (1 %) 0,5 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 6 мг |
Железо | (3 %) 0,42 мг |
Магнезиум | (1 %) 2 мг |
Фосфор | (1 %) 4 мг |
Калиум | (1 %) 52 мг |
Натриум | (0 %) 4 мг |
Цинк | (232 %) 22 мг |
Други состојки | |
Вода | 17,10 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. |
Слаткиот вкус на медот доаѓа од моносахаридите фруктоза и гликоза, а блажината му е приближно иста со онаа на сахарозата.[5] Поради оваа особина често се користи во кулинарски цели како засладувач. Една од интересните одлики на медот е што повеќето микроорганизми не се способни да растат во него, затоа медот не се расипува, дури и во тек на илјадници години.[6][7]
Една лажица мед (15 милилитри) го снабдува организмот со 64 калории, што е еквивалентен енергетски внес со 1272 kJ на 100 g.[8]
Човековото консумирање на мед има долга историја, која се протега илјадници години назад во минатото; за што сведочат пештерските цртежи, стари 8000 години, откриени во близина на градот Валенсија, Шпанија, кои прикажуваат човечки фигури како собираат мед.[9][10]