Млеко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, кашкавал, суво млеко и други производи.
Истиот поим може да се користи и за:
- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.
- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.