Насау
From Wikipedia, the free encyclopedia
Насау (англиски: Nassau) е главниот и најголемиот град на Бахамските Острови. Во градот живеат 248,948 жители (2010 попис), 70% од целокупното население на Бахамите (353,658). Меѓународниот Линден Пиндлин аеродром, главниот аеродром на Бахамите се наоѓа 16 км западно од центарот на Насау, и има дневни летови до големите градови на Обединетото Кралство, САД, Канада и Карибите. Градот се наоѓа на островот Њу Провиденс, кој функционира како федерален округ. Бидејќи нема локална власт, со него се раководи како со административна дивизија на националната власт. Насау се смета за историско засолниште на пиратите.[1]
Насау Nassau | |
---|---|
Одморалиштето „Атлантис“ | |
Гесло: Напред, нагоре, понатаму, заедно | |
Координати: 25°4′N 77°20′W | |
Земја | Бахами |
Остров | Податотека:Badge of New Providence.png Њу Провиденс |
Преграген/Преименуван | 1695 |
Површина | |
• Вкупна | 207 км2 (80 ми2) |
Население (2010) | |
• Вкупно | 248.948 |
• Густина | 1,200/км2 (3,100/ми2) |
• Метро | 1.203/км2 (3,120/ми2) |
Часовен појас | EST (UTC−5) |
• Лете (ЛСВ) | EDT (UTC−4) |
Повик. бр. | 242 |
Модерниот развој на Насау почнал пред повеќе од 200 години со навалата на илјадници Американски Лојалисти и поробени Африканци на Бахамите по Американската војна за независност. Многу од нив се населиле во Насау (тогаш и денес главниот град на трговијата на Бахамите) и најпосле да ја надминат бројката на нативното население.
Како што населението на Насау растело, така растеле и урбаните области. Денес градот доминира со целиот остров и неговиот сателит, Парадајз Ајленд. Меѓутоа, сè до повоениот период на Втората светска војна, надворешните предградија едвај и да постоеле. Поголемиот дел од Њу Провиденс бил покриен со грмушки сè додека не дошле Лојалистите во 1780те и создале неколку плантажи како Клифтон и Тускулум. Кога Британците ја укинале меѓународната трговија со робови во 1807 илјадници ослободени Африканци од бродовите за робови се населиле во Њу Провиденс (на Аделед, Гамбие, Кармајкл и Сандиленд) и други острови. Најголемата концентрација на Африканци живееле во „Позади ридот“ предградијата на Грантс и Бејн позади Насау, додека поголемиот дел од белците живееле на северното крајбрежје на островот.