Бахами
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бахами или Бахамски Острови (англиски: The Bahamas); официјално: Државна Заедница Бахами (Commonwealth of the Bahamas) — островска држава во Средна/Северна Америка која е составена од 29 острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во Атлантскиот Океан, северно од Куба и Хиспаниола, северозападно од островите Туркс и Кајкос и југоисточно од САД. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 км2 со вкупно население од околу 330.000 жители. Главен град на државата е Насау. Географски, Бахамските Острови се дел од истиот ланец острови со Куба, Хиспаниола и останатите Карипски Острови.
Државна Заедница Бахами Commonwealth of The Bahamas |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Напред, нагоре, понатаму, заедно“ (Forward, Upward, Onward, Together) |
||||||
Химна: „Напред, Бахами“ (анг. "March on, Bahamaland") Кралска химна: „Боже, чувај го Кралот“ (God, save the King) |
||||||
Главен град | Насау 25°4′N 77°20′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Признаени регионални јазици | бахамски креолски | |||||
Народности | 85% Афробахамци, 12% Европејци, 3% Азијци | |||||
Демоним | Бахамец | |||||
Уредување | парламентарна и уставна монархија | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
• | Генерален гувернер | Артур Кулкс | ||||
• | Премиер | Хјуберт Ингрем | ||||
Законодавство | Парламент | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Собрание | ||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Самоиправување | 1865 | ||||
• | Целосна независност | 10 јули 1973[1] | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 13.878 км2 (160-та) | ||||
• | Вода (%) | 28% | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 330.000[2] (177-ма) | ||||
• | Попис 1990 | 254.685 | ||||
• | Густина | 23.27 жит/км2 (181-ва) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2009 г. | |||||
• | Вкупен | $8.793 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $25.807[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $7.538 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $22.650[3] | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.789[4] висок · 51ва |
|||||
Валута | бахамски долар (BSD ) |
|||||
Часовен појас | EST (UTC−5) | |||||
• | (ЛСВ) | EDT (UTC−4) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .bs | |||||
Повик. бр. | +1-242 |
Првично, Бахамите биле население од Лукајци, етничка група дел од групата на таински народи. Во 1492 година, Бахамите станале првата копнена точка на која пристигнал Кристофер Колумбо. Со доаѓањето на Шпанците во Карипското Море, Бахамите не станале нивен протекторат, но староседелското население било префрлено на Хиспаниола како робови. Така, островите останале напуштени од 1513 до 1648, кога пристигнале британските колонизатори од Бермуда и се населиле на островот Елеутера.
Во 1718 година, Бахамите станале британска кралска колонија, кога претходно биле поразени пиратите и пиратското движење на островите. По Американската војна за независност, илјадници британски приврзаници и поробени Африканци се населиле на Бахамите и основале економија која се засновала на плантажи. Во 1807 година во Британската Империја било укинато ропството и голем број Африканци биле ослободени со што се населиле на Бахамите за време на 19 век. Тоа резултирало со бројното африканско население на островите.