Небесен пол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Небесен пол — една од двете точки на небото каде Земјината оска на вртење се сече со небесната сфера. Северниот и јужниот небесен пол секогаш се непосредно над главата на набљудувачот застанат на Северниот или Јужниот Пол на Земјата. Додека Земјата се врти на својата оска, двата небесни пола остануваат неподвижни на небото, а сите други ѕвезди делуваат како да се вртат околу нив, исполнувајќи еден круг дневно (поточно за еден ѕвезден ден или околу 23 часа 56 минути и 4,1 секунди).
Небесните полови исто така се половите на небесниот екваторски координатен систем, што значи дека имаат деклинации од +90° и −90° (за северниот и јужниот небесен пол). И покрај нивната неподвижност за нашите очи, небесните полови на подолг рок не остануваат трајно на нивните места. Поради појавата наречена прецесијата на рамнодениците, половите опишуваат кружници на небесната сфера за период од околу 25.700 години. Земјината оска исто така претрпува сложени движења кои за малку ги поместуваат небесните полови во циклуси од различно времетраење. На многу долг рок се менуваат положбите и на самите ѕвезди поради нивните сопствените движења. За да се земе предвид ваквото движење, определебите на небесние полови се дополнуваат со епоха која ја наведува годината на вртежната оска. Тековниот стандард е J2000,0.
Овие појави и законитости важат и за другите планети: небесните полови на една планета се точките на небото во кои проекцијата на планетарната вртежна оска се сече со небесната сфера. Овие точки се разликуваат од една планета до друга бидејќи нивните оски се различно насочени (исто така, привидните положби на ѕвездите малку се поместуваат како последица од паралаксата).[1]