Небесна сфера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Nебесна сфера — замислена сфера vо астрономијата и морепловството со произволно голем полупречник која е концентрична на Земјата и се врти на оска. Сите објекти на небото можат да се сфатат како да се проектирани на оваа небесна сфера. Небесниот екватор и небесните полови се нагорно проектирани од Земјиниот екватор и нејзините полови. Небесната сфера претставува мошне практично помагало во положбената астрономија.
Евдоксиевиот планетарен модел, на кој се засноваат Аристотеловиот и Птоломеевиот модел, е првото геометриско толкување за „скитањето“ на планетите.[1] Се сметало дека на најнадворешната од овие „кристални сфери“ биле сместени неподвижните ѕвезди. Евдокс одговорил на Платоновиот предизвик: „Со какви рамномерни и складни движења можеме да ги протолкуваме привидното движење на планетите?“[2] користејќи се со 27 сферни тела.