Платон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Платон (старогрчки: Πλάτων, Plátōn, „широк“;[1] 424/423 п.н.е.[a] – 348/347 п.н.е.) е старогрчки филозоф, математичар, ученик на Сократ, автор на филозофски дијалози, основач на Академијата во Атина, првата институција за високо образование во Западниот свет. Заедно со својот учител, Сократ, и неговиот ученик, Аристотел, Платон е заслужен за поставување на темелите на западната филозофија и наука.[2] Со зборовите на А. Н. Вајтхет:
Најопштата одлика на европската филозофска традиција е тоа дека се состои од низа фусноти на Платон. Не мислам на систематскиот мисловен образец кои мислителите несомнено го иземале од неговите дела. Алудирам на богатството од општи идеии нафрлани на нив.[3]
Платон | |
---|---|
Роден(а) | 428/427 или 424/423 п.н.е. Атина, Грција |
Починал(а) | 348/347 п.н.е. (возраст ок. 80) Атина, Грција |
Школа | Платонизам |
Платоновата писателска префинетост е очигледна во неговите т.н. Сократови дијалози; триесет и шест дијалози и тринаесет писма му се припишуваат нему. Неговите дела се препубликувани на повеќе различни начини; ова има доведено до одредени конвенции во однос на именувањето на неговите текстови.[4] Платоновите дијалози се користат при предавања на мноштво предмети, како филозофија, логика, етика, реторика и математика.