Окрузи во Естонија
административна единица на Естонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Естонија е поделена на 15 окрузи (естонски: maakond). На чело на секоја од нив стои управник (maavanem), кој е претставник на државната влада на регионално ниво. Управникот го назначува самата влада и има петгодишен мандат.
Окрузите понатаму се делат на општини, и тоа од два типа: „градски“ (linn) и „селски“ (vald).