Општина Центар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Центар — општина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно. Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи. На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје.
Општина Центар | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Град Скопје | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Горан Герасимовски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 7,52 км2 (2,90 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 43.893 | ||
• Густина | 5,800/км2 (15,000/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | centar.gov.mk |
На југ и запад граничи со Општина Карпош, на север со Општина Чаир, а на исток со општините Аеродром и Кисела Вода.
Општинско обележје е митолошката птица Феникс, која ја симболизира преродбата на градот по земјотресот во 1963 г.