Париз-Рубе 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Париз-Рубе 2012 било 110. издание на еднодневната велосипедска трка Париз-Рубе, често позната како Пеколот на Северот. Била одржана на 8 април 2012 на растојание од 257,5 километри и била десетта трка во сезоната 2012 на Светската турнеја.
Кратки факти Детали за трката, Date ...
Светска турнеја на UCI 2012, трка 10 од 28 | |||
Том Бонен, Јохан Вансумерен и Бернхард Ајзел | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 8 април 2012 (2012-04-08) | ||
Растојание | 257,5 км | ||
Време | 5ч 55' 22" (27,015 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Том Бонен (БЕЛ) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Втор | Себастјен Тиржо (ФРА) | (Тим Јуропкар) | |
Трет | Алесандро Балан (ИТА) | (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) | |
← 2011 2013 → |
Затвори
Возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен ја освоил трката по четврти пат со што го изедначил рекордот,[1] откако направил бегство од групата со колегата Ники Терпстра на околу 50 километри до целта; потоа Терпстра не го издржал темпото на Бонен, со што Бонен продолжил сам до победа во Рубе со предност од околу една и пол минути. Второто место било одредено со спринтерска завршница од возачот на Тим Јуропкар Себастјен Тиржо, само неколку сантиметри пред Алесандро Балан од Аксент.џобс-Вилемс Веранда.[2]