Ресенски сарај
неокласичен дворец и музеј во Ресен / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ресенски сарај — дворец во градот Ресен е еден од најпретставителните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија. Изграден е во француски неоренесансен стил и се смета за еден од поважните примери на архитектурата од почетокот на XX век, во кои се присутни елементи и од другите европски историски стилови во архитектурата. Граден е во периодот од 1905 до 1909 година од еден од водачите на Младотурската револуција, Ахмед Нијази-бег. Неговиот покрив бил обновен во 1982 година, а во 2005 година е реставриран со средства од Светска банка. Објектот е висок 25 метри, со површина од 4.800 квадратни метри внатрешен простор, а во обработка на ентериерот се користени префинето обработени висококвалитетни материјали.[1] Денес зградата на сарајот е Домот на култура „Драги Тозија“, и во него е сместена постојаната поставка на делата на македонската сликарка Кераца Висулчева која е дел од Музејската збирка Ресен на Музејот на Македонија,[2] како и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија.
Сарај | |
---|---|
Општи податоци | |
Статус | постои |
Стил | неокласицизам |
Адреса | 29 Ноември бр. 47 |
Град | Ресен |
Земја | Република Македонија |
Координати | 41°05′18″N 21°00′58″E |
Почната | 1904/05 |
Завршена | 1911/12 |
Обновена | 1982, 2005 |
Технички податоци | |
Големина | 4800 м² |