Седми вселенски собор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Седмиот вселенски собор (грчки: Η Ζ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Δεύτερη Σύνοδος της Νίκαιας - Седми вселенски собор, Втор никејски собор) бил одржан во Никеја, Мала Азија од 24 септември до 23 октомври 787 година. Соборот бил свикан од страна на младиот император Константин VI и неговата мајка, Ирина. Причини за свикување на овој собор било иконоброството, односно одбивањето и уништувањето на иконите од црквата[1].
Кратки факти Седми вселенски собор, Датум ...
Седми вселенски собор | |
---|---|
Датум | 787 |
Прифатен од | Римокатоличка црква, Старокатоличка црква, Православие |
Претходен собор | (Католичка) Шести вселенски собор (Православни) Трулски собор |
Следен собор | (Католичка) Четврти цариградски собор (Римокатоличка црква) (Православие) Четврти цариградски собор (Православие) |
Свикан од | Константин VI и Ирина (како регент) |
Претседавач | Тарасиј Цариградски и папа Адријан I |
Присутни | 350 |
Теми | Иконоборство |
Времеследен список на собори |
Затвори