Топка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Топка (дем. топче) — заоблен предмет со различни намени. Често подразбира реквизит во игри и спортови, чие дејство се состои од фрлање, удрање или шутирање на истата. Во највеќето спортови има облик на сфера[1] (или геометриската топка), но некаде е овална (рагби, американски фудбал итн). Помали топчиња имаат многу разни намени: во техниката како лагери, како тегови за мамци во риболовот, како зрна за муниција итн.
Многу од денешните топки се направени од гума, што не било случај никаде освен во Америка до откривањето на континентот. Гумените топки (од полна, т.е. ненадувана гума) први ги играле староседелските народи на Средна Америка оламалистли, и истите потоа се донесени во Европа. Во останатите делови од светот, топките се правеле од кожа наполнета со различни материјали или надувани меури на животни.