Хелголанд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хелголанд (германски: Helgoland; хелголандски фризиски deät Lun [„Земјата“]) — мал германски архипелаг во Северното Море.
Хелголанд
Helgoland | ||
Воздушен поглед на Хелголанд | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | |
Округ | Пинеберг | |
Градоначалник | Јерг Зингер (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 1,7 км2 | |
Надм. височина | 61 м | |
Население | 1.307 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 769 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | PI, AG | |
Пошт. бр. | 27498 | |
Повик. бр. | 04725 | |
Портал | www.helgoland.de | |
Местоположба на Хелголанд во рамките на округот Пинеберг | ||
Координати | 54°10′57″N 7°53′7″E |
Поранешни дански и британски поседи, островите се наоѓаат во Хелголандскиот Залив (дел од Германскиот Залив) во југоисточниот дел на Северното Море.
Островската група Хелголанд и Дине припаѓаат на Германија од 1890 година и денес се слободна општина во рамките на округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.
Овие острови се единствените германски острови на отворено море и се наоѓаат на околу три часа пловење од Куксхафен на устието на реката Елба.
Покрај официјалниот германски јазик, месното население, кои се етнички Фризи, го говорат и хелголандскиот дијалект, дел од севернофризискиот јазик, уште наречен и „халундер“ (Halunder). Хелголанд порано бил наречен Хајлигеланд (Heyligeland) или „света земја“, веројатно поради долгата поврзаност на островот со богот Форсети.