Црква „Св. 40 Севастиски Маченици“ - Банско
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Средновековната црква во близина на населбата Банско се наоѓа на 1,5 км северно од селото и 1 км западно од асфалтниот пат за Банско[1]
„Црква „Св. 40 Севастиски маченици““ | |
Поглед кон црквата | |
Местоположба | 41°23′1″N 22°44′36″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Банско |
Општина | Струмица |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Археолошкото наоѓалиште на новооткриената црква, исто така посветена на светите Четириесет маченици од Севастија, говори дека таа била ѕидана како епископски храм. Во кој временски период оваа црква ја имала ваквата функција треба да покажат понатамошните испитувања. Дали тоа било пред или после подигањето на втората односно на третата Водочка црква, засега не е утврдено.
Поврзаноста на почитувањето на Св. Четириесет Севастиски маченици присутни во живописот на Света Софија во Охрид, и во оштетениот живопис на Водочката црква, коишто датираат од средината на XI век, стилот на градбата и пронајдените предмети во гробниците веднаш до самата црква, даваат одговор за поврзаноста на оваа црква во Банско со Водочките цркви, како и со онаа во Струмица, посветена на Св.Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Но сепак со сигурност се знае дека црквата во Банско не била епископска црква за време на струмичкиот епископ Мануил, којшто живеел во втората половина на XI век. Затоа, може да се претпостави со извесна сигурност дека црквата во Банско најверојатно била подигната во периодот на владеењето на династијата Комнини, кога во Македонија, после падот на Самоиловото царство, повторно се зацврстува византиското влијание и кога се подигнати повеќе значајни сакрални објекти.