Боби Чарлтон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сер Роберт „Боби“ Чарлтон (англиски: Sir Robert "Bobby" Charlton, 11 октомври 1937 - 21 октомври 2023 ) — поранешен англиски фубалер, сметан за еден од најдобрите игарачи за врска на сите времиња и најдобар англиски фудбалер на сите времиња. Тој бил еден од клучните членови на Англиската репрезентација која го освоила Светското првентво во 1966, а истата година ја добик и наградата за најдобар европски фудбалер. Најголемиот дел од клупската кариера ја поминал во Манчестер Јунајтед, каде станал препознатлив по неговите напаѓачки инстинкти, одличните додавања и страшниот шут од далечина. Тој е познат и по неговите кондиција и идржливост, поради кои доминирал на теренот.
Сер Боби Чарлтон CBE | |||
---|---|---|---|
Чарлтон во 2010 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Роберт Чарлтон | ||
Роден на | 11 октомври 1937(1937-10-11) | ||
Роден во | Ашингтон, Нортамберланд, Англија | ||
Починал на | 21 октомври 2023(2023-10-21) (возр. 86) | ||
Висина | 1,73 м | ||
Позиција |
среден ред напад | ||
Младинска кариера | |||
Источна школа на Нортамберланд | |||
1953–1956 | Манчестер Јунајтед | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1956–1973 | Манчестер Јунајтед | 606 | (199) |
1974–1975 | Престон Норт Енд | 38 | (8) |
1976 | Вотерфорд | 3 | (1) |
1978 | ФК Њукасл[1][2] | 1 | (0) |
1980 | Перт[3][4] | 3 | (2) |
1980 | Блектаун Сити[5] | 1 | (1) |
Вкупно | 649 | (209) | |
Репрезентација | |||
1953 | Англиска школа | 4 | (5) |
1954 | Англија U18 | 1 | (1) |
1958–1960 | Англија U23 | 6 | (5) |
1958–1970 | Англија | 106 | (49) |
Тренер на екипи | |||
1973–1975 | Престон Норт Енд | ||
1983 | ФК Виган | ||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Роден во Ешингтон, Нортамберленд, Чарлтон дебитирал за првиот тим на Манчестер Јунајтед во 1956 година, а во следните две сезони обебедил постојан првотимски статус. За тоа време, тој ја преживел Минхенската авионска несреќа во 1958 година откако бил спасен од голманот Хари Грег. Откако му помогнал на Јунајтед да ја освои титулата во Првата англиска лига во 1965 година, го освои и Светското првентво во 1966 со Англија во 1966 година и уште една титула во Првата англиска лига наредната година. Во 1968 година, тој бил капитен на Манчестер Јунајтед кој го освоил Европскиот куп на шампиони, постигнувајќи два гола во финалето за да му помогне на својот тим да стане првиот англиски тим кој победил во ова натпреварување. Има постигнато повеќе голови за Англија и Манчестер Јунајтед од било кој друг играч. Чарлтон го држел рекордот за најмногу настапи во дресот на Манчестер Јунајтед, но бил поминат од Рајан Гигс на 21 мај 2008 година (финалето во Лигата на шампионите)[6]. Чарлтон, исто така, го држел и рекордот за најмногу настапи во лигата (606) додека не бил поминат од Гигс на 11 март 2011 година.
Во јануари 2011 година, Боби Чарлтон бил прогласен за четвртиот најдобар играч на Манчестер Јунајтед на сите времиња од читателите на Инсајд Јунајтед и ManUtd.com, зад Рајан Гигс, Ерик Кантона и Џорџ Бест.
Во времето кога се пензионирал од Националната репрезентација во 1970 година, тој бил играчот со најмногу настапи за репрезентацијата, настапувајќи на 106 натрпевари од највисоко ниво. Тој рекорд бил надминат од Боби Мор, Питер Шилтон, а потоа и од Дејвид Бекам.
Боби Чарлтон го напуштил Манчестер Јунајтед за да стане менаџер на ФК Престон Норт Енд во сезоната 1973/1974[7]. Во следната сезона се префрлил во играч-менаџер, но во почетокот на сезоната 1975/1976 ја оставил таа функција бидејќи неговото разбирање за играта било оскудно. Потоа работел на функцијата раководител на ФК Виган Атлетик, додека да се префрли во одборот на директори во Манчестер Јунајтед во 1984 година[8] и останал како таков до јуни 2011 година. Тој ги поставил рекордите во голови во англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед и двата рекорда сѐ уште се недопрени 35 години по крајот на неговата играчка кариера. Во 1994 година, Чарлтон ја добил титулата „Сер“ од кралицата на Обединетото Кралство.
Сер Боби Чарлтон е член на Laureus World Sports Academy.