Двоичен броен систем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Двоичен броен систем (бинарен броен систем) — броен систем што изразува бројчени вредности користејќи два симболи: 0 и 1, обично по пат на положбен запис (нотација) со основа 2. Овој систем е од суштинско значење кај сите современи сметачи, заради неговата примена во секое дигитално струјно коло со логички порти.
Бројни системи кај разни народи и култури | |
---|---|
Индоарапски броеви | |
Западноарапски • Источноарапски | |
Бенгалски • Гуџаратски • Гурмухски • Деваганарски (Индиски) • Синхалски • Тамилски | |
Балиски • Бурмански • Ѕонгкански (Бутански) • Јавански • Кмерски • Лаоски • Монголски • Тајландски | |
Источноазиски броеви | |
Виетнамски Јапонски Кинески (Суџојски) |
Корејски Стапчиња Хокиенски |
Азбучни броеви | |
Абџадски Арјабатини Гиски (Етиопски) Грузиски Грчки |
Ерменски Кирилични Римски Хебрејски |
Други системи | |
Атички Брамански Вавилонски Глаголични Егејски Египетски Етрурски Инуитски |
Кипу Кхаростенски Мајански Муискански Поле со урни Праисториски Чувашки |
Положбени системи по основа | |
Десетични (10) | |
1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 30, 36, 60 повеќе… | |
Историски, за творец на двоичниот броен систем се смета индискиот математичар Пингала, кој разработил математички начин на претставување на прозодијата. Оттогаш, се вршени различни проучувања и подобрувања на истиот, а во 1679 година, Готфрид Лајбниц дошол до неговиот современ облик, објавувајќи го во написот „Објаснение за двоичната аритметика“ (Explication de l'Arithmétique Binaire). Во него, тој за првпат ги употребил цифрите 0 и 1, исто како во современиот систем.
Еден двоичен број може да се претстави со која било низа на битови (двоични бројки), кои пак можат да се претстават со кој било механизам што може да биде во заемно исклучиви состојби. Бројчената вредност зависи од вредноста што ја претставуваат симболите. Кај еден сметач бројчените вредности може да се претстават со два различни напона; кај магнетниот складиштен диск може да се користат магнетните поларитети. Вредностите „позитивно“, „да“ или „вклучено“ не мора да соодветствуваат на бројната вредност еден. Тоа зависи од осмислената архитектура.