Ернест Лоренс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ернест Орландо Лоренс (англиски: Ernest Orlando Lawrence; 8 август 1901 -27 август 1958 ) — американски пионер во јадрените науки и добитник на Нобеловата награда за физика во 1939 за неговиот изум, циклотрон. Тој е познат за неговата работа за издвојувањето на ураниумови изотопи за Проектот „Менхетн“, и по основањето на Берклиската и Ливерморската национална лабораторија.
Ернест Лоренс | |
---|---|
Лоренс во 1939 година | |
Роден(а) | Ернест Орландо Лоренс август 8, 1901(1901-08-08) Кантон Јужна Дакота, САД |
Починал(а) | август 27, 1958(1958-08-27) (возр. 57) Пало Алто Калифорнија, САД |
Живеалиште | Беркли Калифорнија |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Калифорнсики универзитет Јејл |
Образование | Јужнодакотски универзитет Минесотски универзитет Јејл |
Теза | „Фотоелектричен ефект кај пареа од калај како функција од честотата на светлината“ (1924) |
Докторски ментор | Вилијам Френсис Греј Сван |
Докторанди | Едвин Мекмилан Ву Ѓенсјунг Милтон Ливингстон Кенет Рос Мекензи Џон Реџиналд Ричардсон |
Познат по | Измислување на циклотронот Проект Менхетн |
Поважни награди | Хјузов медал (1937) Медал „Елиот Кресон“ (1937) Комстокова награда за физика (1938) Нобелова награда за физика (1939) Дуделов медал и награда (1940) Холиев медал (1942) Медал на честа (1946) Офицер на Легиијата на честа (1948) Награда „Вилијам Проктер“ (1951) Фарадеев медал (1952) Награда „Енрико Ферми“ (1957) Награда „Силванус Тејер“ (1958) |
Сопружник | Мери „Моли“ (Блумер) Лоренс (1910–2003) (m. 1932–1958, до смртта) |
Деца | 2 сина, 4 ќерки |
Потпис |
Дипломирал на Универзитетот на Јужна Дакота и Минесотскиот универзитет. Лоренс докторирал физика на Јеил во 1925 година. Во 1928 година, тој бил вработен како вонреден професор по физика на Калифорнискиот универзитет, за после две години да стане најмладиот професор кој работи таму. Додека бил во библиотеката една вечер Лоренс бил заинтересиран од еден дијаграм на забрзувач кој произведува високоенергетски честички. Тој размислувал како тоа може да се изведе покомпактно и ја добил идејата за кружни забрзувања вокомората помеѓу половите на електромагнетот. Резултатот бил првиот циклотрон.
Подоцна Лоренс изградил низа од поголеми и поскапи циклотрони. Неговата Зрачна лабораторија станала официјален оддел на Калифорнискиот универзитет во 1936 година, а Лоренс директор. Покрај употребата на циклотроните во физиката, тој исто така ја поддржувал употребата за медицински истражувања на радиоизотопи. Во текот на Втората светска војна, Лоренс развил електромагнетно раздвојување на изотопите во Зрачната лабораторија. Се копристеле уреди наречени калутрони, хибрид помеѓу стандарден лабораториски масен спектрометар и циклотрон. Во Оак Риџ, Тенеси била изградена огромна фабрика за електромагнетна поделба, наречена Y-12. Процесот бил неефикасен, но функционален.
По војната, Лоренс се застапуваше за владино спозорство на големите научни програми и бил силен застапник на „Големата наука“, со побарувањата за големи машини и многу пари. Лоренс силно ја поддржал кампањата на Едвард Телер за втора лабораторија за јадрено оружје, која Лоренс ја сместил во Ливермор, Калифорнија. После неговата смрт, намесниците на Калифорнискиот универзитет ги преименувале во Ливерморска национална лабораторија и Берклиска национална лабораторија — обете со име „Лоренс“. Хемискиот елемент 103 бил именуван лоренциум во негова чест после неговото откривање на Беркли во 1961 година.