Фудбалска репрезентација на Хрватска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Хрватска ја претставува Хрватска на меѓународните фудбалски натпреватувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (HNS - Hrvatski nogometni savez). Формирана е 1990 година.
Сојуз | Фудбалски сојуз на Хрватска | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Златко Далиќ | ||
Капитен | Дарио Срна | ||
Најмногу настапи | Дарио Срна (134) | ||
Најдобар стрелец | Давор Шукер (45) | ||
Домашен стадион | Максимир | ||
ФИФА код | CRO | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 15 (ноември 2017) | ||
Највисок | 3 (јануари 1999) | ||
Најнизок | 125 (март 1994) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Хрватска 4–0 Швајцарија (Загреб, Хрватска; 2 април 1940) Од 1990 Хрватска 2-1 САД (Загреб, Хрватска; 17 октомври 1990) | |||
Најголема победа | |||
Хрватска 7–0 Австралија (Загреб, Хрватска; 6 јуни 1998) Хрватска 7–0 Андора (Загреб, Хрватска; 7 октомври 2006) | |||
Најлош пораз | |||
Шпанија 6–0 Хрватска (Елче, Шпанија; 11 септември 2018) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 5 (првпат во 1998) | ||
Најдобар резултат | трето место 1998 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 4 | ||
Најдобар резултат | четврт-финале, 1996, 2008 |
Призната од страна на ФИФА, фудбалската репрезентација на Хрватска во минатото одиграла деветнаесет натпревари за Бановина Хрватска и Независна Држава Хрватска во периодот помеѓу 1940 и 1944.[1] Првиот натпревар го одиграла на 2 април 1940 година, кога ја победиле репрезентацијата на Швајцарија со 4-0 во Загреб. Подоцна со приклучувањето на Хрватска во Југославија оваа репрезентација била укината и Хрватска не настапувала самостојно, туку нејзините играчи играле за југословенската репрезентација.
Со распадот на Југославија, во 1990 Хрватска повторно формирала репрезентација (официјалното формирање), која во 1993 официјално станала членка на ФИФА и на УЕФА.[2] Првиот официјален натпревар во рамките на денешната држава, Хрватска го одиграла на 5 јули 1992 против Австралија. За првпат во квалификациите за едно натпреварување Хрватска учествувала во квалификациите за Евро 1996 и се пласирала на ова натпреварување, стигнувајќи до четврт-финалето. Досега Хрватска има 4 настапи на Светските првенства, а најдобар резултат им е третото место во Франција 1998. На Европските првенства исто така досега настапила 4 пати, а најдобар резултат им е четврт-финале каде играле двапати во 1996 и 2008.
Најголемиот број домашни натпревари хрватската репрезентација ги игра во Загреб на Стадионот Максимир. Прекарот на репрезентацијата е Огнените или Коцкестите (по коцките во црвена и бела боја што ги имаат на дресот).