arXiv
семрежен дигитален архив на електронски претпечатени научни написи / From Wikipedia, the free encyclopedia
arXiv (изг. архајв, во прев. „архив“) — складиште со отворен пристап со електронски претпечати (нарелени е-печати) одобрени за објавување по проверка, но без целосна рецензија. Се состои од семрежно достапни научни написи од полето на математиката, физиката, астрономијата, електротехниката, информатиката, квантитативната биологија, статистиката, финансиската математика и економијата. Во случајот на многу гранки на математиката и физиката, речиси сите научни трудови се самоархивираат ма складиштето arXiv.
Кратки факти Вид место, Достапно на ...
Вид место | научно |
---|---|
Достапно на | англиски |
Сопственик | Универзитет „Корнел“ |
Создавач | Пол Гинспарг |
Адреса | arxiv.org |
Место на Алекса | 1.797 (25 ноември 2019)[1] |
Комерцијално | не |
Пуштено | 14 август 1991 |
Тековна состојба | активно |
ISSN | 2331-8422 |
OCLC-бр. | 228652809 |
Затвори
Отопчнато е на 14 август 1991 г. и надминало половина милион написи на 3 октомври 2008 г.,[2][3] а кон крајот на 2014 г. веќе содржело милион.[4][5] До октомври 2016 г. стапката учество достигнала 10.000 поднесоци месечно.[5][6]