Ија (месечина)
месечина на Јупитер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ија или Јупитер I — внатрешната и третата најголемата од четирите Галилееви месечини на планетата Јупитер. Малку поголема од Месечината, Ија е четврта по големина месечина во Сончевиот Систем, има најголема густина од која било месечина и има најмала количина на вода (по атомски сооднос) од кој било познат астрономски објект во Сончевиот Систем. Ија била откриена во 1610 година од Галилео Галилеј и своето име ја добила по митолошкиот лик Ија, свештеничка на Хера која станала една од љубовниците на Зевс.
Слика на вселенското летало Галилео од Ија во вистинска боја. Темната точка веднаш лево од центарот е еруптираниот вулкан Прометеј. Белузлавните рамнини на двете страни од неа се обложени со вулкански депониран мраз од сулфур диоксид, додека пожолтите области содржат поголем дел од сулфур. | |||||||||
Откривање | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Откривач | Галилео Галилеј | ||||||||
Откриено | 8 јануари 1610[1] | ||||||||
Ознаки | |||||||||
Наречена по | Ија | ||||||||
Јупитер I | |||||||||
Орбитални особености | |||||||||
Периапсида | 420.000 km (0,002807 AU) | ||||||||
Апоапсида | 423.400 km (0,002830 AU) | ||||||||
Главна орбита полупречник | 421.700 km (0,002819) | ||||||||
Занесеност | 0,0041 | ||||||||
1,769137786 d (152.853,5047 s, 42,45930686 h) | |||||||||
Просечна орбитална брзина | 17,334 km/s | ||||||||
Наклон | 0.05° (до екваторот на Јупитер) 2.213° (до еклиптиката) | ||||||||
Месечина на | Јупитер | ||||||||
Физички особености | |||||||||
Димензии | 3,660.0 × 3,637.4 × 3,630.6 km[2] | ||||||||
Среден полупречник | 1.821,6 ± ,5 km (0.286 Земјина)[3] | ||||||||
41.910.000 km2 (0.082 Земјина) | |||||||||
Зафатнина | 2,53⋅1010 km3 (0.023 Земјина) | ||||||||
Маса | (8,931938 ± ,000018)⋅1022 kg (0.015 Земјина)[3] | ||||||||
Средна густина | 3,528 ± ,006 g/cm3 (0.639 Земјина)[3] | ||||||||
1,796 (0.183 g) | |||||||||
Фактор на моментот на инерција | 0,37824 ± 0,00022[4] | ||||||||
2.558 km/s | |||||||||
синхроно | |||||||||
Екваторска вртежна брзина | 271 km/h | ||||||||
Албедо | ,63 ± ,02[3] | ||||||||
| |||||||||
5.02 (Противположба)[6] | |||||||||
Атмосфера | |||||||||
Површински притисок | 500µPa до 4mPa | ||||||||
Состав по зафатнина | 90% сулфур диоксид | ||||||||
Со повеќе од 400 активни вулкани, Ија е геолошки најактивниот објект во Сончевиот Систем.[7][8][9] Оваа екстремна геолошка активност е резултат на плимното загревање од триењето што се создава во внатрешноста на Ија додека се влече помеѓу Јупитер и другите галилееви месечини - Европа, Ганимед и Калиста. Неколку вулкани произведуваат облаци од сулфур и сулфур диоксид кои се искачуваат до 500 км над површината. Површината на Ија е исто така испреплетена со повеќе од 100 планини кои се подигнати со голема компресија во основата на силикатната кора на Ија. Некои од овие врвови се повисоки од Монт Еверест, највисоката точка на површината на Земјата. [10] За разлика од повеќето месечини во надворешниот Сончев Систем, кои главно се состојат од воден мраз, Ија е првенствено составена од силикатни карпи кои опкружуваат стопено железо или железо сулфидно јадро. Поголемиот дел од површината на Ија е составен од обемни рамнини со ладен слој од сулфур и сулфур диоксид.
Вулканизмот на Ија е одговорен за многу од неговите уникатни одлики. Неговите вулкански облаци и лавински текови предизвикуваат големи површински промени и ја бојат површината во различни суптилни нијанси на жолта, црвена, бела, црна и зелена, најмногу поради алотропите и соединенијата на сулфур. Бројни обемни текови на лава, неколку повеќе од 500 километри во должина, ја означуваат површината. Материјалите произведени од овој вулканизам ја сочинуваат тенката, нерамна атмосфера на Ија и обемната магнетосфера на Јупитер. Вулканското исфрлање на Ија, исто така, произведува голем плазма тор околу Јупитер.
Ија одиграла значајна улога во развојот на астрономијата во 17 и 18 век; месечината била откриена во јануари 1610 година од Галилео Галилеј, заедно со другите Галилееви месечини, и ова откритие го продолжило усвојувањето на Коперниковиот модел на Сончевиот Систем, развојот на Кеплеровите закони за движење и првото мерење на брзината на светлината. Гледано од Земјата, Ија останала само светлосна точка до крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога станало можно да се разрешат нејзините големи површински одлики, како што се темноцрвените поларни и светлите екваторски региони. Во 1979 година, двете вселенски летала на Војаџер откриле дека Ија е геолошки активен свет, со бројни вулкански одлики, големи планини и млада површина без очигледни кратери од удар. Вселенското летало Галилео извело неколку блиски прелетувања во 1990-тите и раните 2000-ти, добивајќи податоци за внатрешната структура и составот на површината на Ија. Овие вселенски летала, исто така, ја откриле врската помеѓу Ија и магнетосферата на Јупитер и постоењето на појас на високоенергетско зрачење со центар на орбитата на Ија. Ија добива околу 3.600 rem (36 Sv) јонизирано зрачење дневно.[11]
Дополнителни набљудувања биле направени од Касини-Хајгенс во 2000 година, Нови Хоризонти во 2007 година и Јунона од 2017 година, како и од телескопите базирани на Земјата и вселенскиот телескоп Хабл.