Леонард Ојлер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Леонард Паул Ојлер (германски: Leonhard Paul Euler; 15 април 1707 — 18 септември 1783) — швајцарски математичар и физичар, еден од пронаоѓачите на чистата математика. Не само што открил и докажал важни теореми во предметите како геометрија, калкулус, механика и теоријата на броеви, туку и развил методи за решавање на проблеми во набљудувачката астрономија и демонстрирал практична примена на математиката во технологијата и во секојдневниот живот.
Кратки факти Леонард ОјлерLeonhard Euler, Роден(а) ...
Леонард Ојлер Leonhard Euler | |
---|---|
Роден(а) | 15 април 1707
Базел, Швајцарија |
Починал(а) | 18 септември 1783
) Санкт Петербур, Русија |
Живеалиште | Прусија Русија Швајцарија |
Националност | Швајцарец |
Полиња | Математичар и физичар |
Установи | Царска Руска Академија на Науките Берлинска Академија |
Образование | Базелски универзитет |
Докторски ментор | Јохан Бернули |
Докторанди | Јохан Хенерт Жозеф Лагранж |
Познат по | Ојлеров број |
Потпис |
Затвори
Основите на математиката, Ојлер ги изучил од Јохан Бернули, еден од првите математичари во Европа во тоа време. Ојлер бил близок пријател со неговите синови Даниел и Николас. Во 1727 година се преселил во Петроград каде што се вклучил во Академијата на науки во 1733.