Трет Рајх
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нацистичка Германија или националсоцијалистичка Германија / Трет Рајх — термин кој се користи за германската историја за периодот од 1933 до 1945 година, кога Германија била под власт на Националсоцијалистичката германска работничка партија (Нацистичка партија), на чело со Адолф Хитлер како канцелар. Под власта на Хитлер, Германија се претворила во тоталитарна држава во која Нацистичката партија ги контролирала речиси сите аспекти на животот. Официјалното име на државата било Германски Рајх (Deutsches Reich) од 1933 до 1943 и Голем Германски Рајх (Großdeutsches Reich) од 1943 до 1945 година. Периодот е познат под името Трет Рајх (Drittes Reich), што во превод значи „Трето Царство“, како продолжение на Светото Римско Царство и Германското Царство) и Национал-социјалистички период (Zeit des Nationalsozialismus кое во превод значи „Време на националсоцијализмот“). Нацистичкиот режим завршил откако сојузничките сили ја поразиле Германија во мај 1945 година, завршувајќи ја Втората светска војна во Европа.
Големогерманско Царство | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Großdeutsches Reich | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Гесло Ein Volk, ein Reich, ein Führer „Еден народ, едно царство, еден водач“ | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Химна Das Lied der Deutschen (официјална) First stanza of Das Lied der Deutschen followed by Horst-Wessel-Lied | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Großdeutsches Reich | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Главен град | Берлин | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јазици | германски | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Уредување | тоталитаризам диктатура, еднопартиски систем фашизам (нацизам) република | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претседател | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | 1933–1934 | Паул фон Хинденбург | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | 1934–1945 | Адолф Хитлер (фирер) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | 1945 | Карл Дениц | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Канцелар | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | 1933–1945 | Адолф Хитлер (фирер) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | 1945 | Јозеф Гебелс | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | 1945 | Лутц Граф Шверин фон Кросиг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Законодавство | Рајхстаг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | Државен совет | Рајхарат | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Историски период | Меѓувоен период/Втора светска војна | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | Machtergreifung [1] | 30 јануари 1933 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | Постројување | 27 февруари 1933 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | Аншлус | 13 март 1938 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | Втора светска војна | 1 септември 1939 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | Смртта на Адолф Хитлер | 30 април 1945 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | Инструмент на капитулација | 7/8 мај 1945 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Површина | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | 1941 (Großdeutschland) [2] | 696265 км² | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Население | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- | 1941 (Großdeutschland) | 90030775 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Густина | 129.3 жит/км² | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Валута | Reichsmark (RM)
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Денес во | Австрија Белорусија Белгија Чешка Франција Германија Италија Литванија Луксембург Холандија Полска Русија Словенија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Хитлер бил назначен за канцелар на Германија од страна на претседателот на Вајмарската Република, Паул фон Хинденбург, на 30 јануари 1933 година. Нацистичката партија потоа започнала да ја елиминира политичката опозиција и да ја консолидира својата моќ. Хинденбург починал на 2 август 1934 година и Хитлер станал диктатор на Германија со спојување на овластувањата и позициите на канцеларот и претседателот. Националниот референдум одржан на 19 август 1934 го потврдил Хитлер како единствен Фирер (водач) на Германија. Целата моќ била централизирана во Хитлеровата личност, а неговиот збор станал над сите закони. Владата не претставувала координирано, кооперативно тело, туку збир на фракции што се бореле за моќ и корист на Хитлер. Во средината на Големата депресија, нацистите ја вратиле економската стабилност и ја прекинале масовната невработеност, користејќи големи воени трошоци и мешана економија. Биле преземени обемни јавни работи, вклучувајќи и изградбата на автопатишта. Враќањето на економската стабилност ја зголемило популарноста на режимот.
Расизмот, особено антисемитизмот, биле централна одлика на режимот. Нацистите сметале дека германските народи (нордиската раса) биле најчиста гранка на ариевската раса и затоа биле сметани за господава. Милиони Евреи и други народи, кои се сметале за непожелни од државата, биле убиени во Холокаустот. Опозицијата била безмилосно задушена. Членовите на либералната, социјалистичката и комунистичката опозиција биле убиевани, затворени или прогонети. Христијанските цркви биле угнетувани, а многу водачи затворени. Образованието се фокусирало на расна биологија, популациона политика и подготвеност за воена служба. Кариерата и образовните можности за жените биле ограничени. Рекреацијата и туризмот биле организирани преку програмата Сила преку радост, а Летните олимписки игри 1936 го претставиле Третиот рајх на меѓународна сцена. Министерот за пропаганда, Јозеф Гебелс, делотворно го искористи моментот преку масовните митинзи и хипнотичките ораторски способности на водачите за да се влијае на јавното мислење. Владата го контролирала уметничкото изразување, промовирајќи специфични уметнички форми и забрана или обесхрабрување на другите.
Започнувајќи од крајот на 1930-тите, Нацистичка Германија побарала повеќе агресивни територијални барања, заканувајќи се на војна ако не се исполнет. Германија ја презела Австрија и Чехословачка во 1938 и 1939 година. Хитлер направил пакт со Јосиф Сталин за ненапаѓање и ја нападнал Полска во септември 1939 година, започнувајќи ја Втората светска војна во Европа. Во сојуз со Италија и помалите Сили на Оската, Германија го освоила најголемиот дел од Европа до 1940 година и се заканувала на Велика Британија. Рајхкомисаријат ја презела контролата врз освоените области и една германска администрација била основана во она што останало од Полска. Евреите и другите кои се сметале за непожелни биле затворени, убиени во нацистички концентрациони логори и логори за истребување, или убивани.
По германската инвазија на Советскиот Сојуз во 1941 година, плимата постепено се свртела против нацистите, кои претрпеле големи воени порази во 1943 година. Големото воздухопловно бомбардирање на Германија ескалирало во 1944 година и Силите на оската биле поразени во Источна и Јужна Европа. По сојузничката инвазија на Франција, Германија била освоена од Советскиот Сојуз од исток и од другите сојузнички сили од запад и капитулирала за една година. Одбивањето на Хитлер да признае пораз довело до масовно уништување на германската инфраструктура и дополнителни смртни случаи поврзани со војната во завршните месеци на војната. Победничките сојузници иницирале политика на денацификација и одвеле многу на преживеаното нацистичко раководство на суд за воени злосторства на судењата во Нирнберг.