Национално народно собрание
врховен законодавен орган на НР Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Националното народно собрание (кинески: 全国人民代表大会; пинјин: Quánguó Rénmín Dàibiǎo Dàhuì), скратено: ННС (人大; Rén-Dà) — еднодомниот законодавен дом (парламент) на НР Кина. Заседава во Големата народна сала во Пекинг и има 2.987 пратенички места. Со тоа е најголемиот парламент во светот.[1] ННС заседава секоја година заедно со Народното политичко советодавно собрание (НПСС), чии членови претставуваат разни општествени групи. Овие две тела заедно се нарекуваат „лиангхуј“ (две средби) и играат клучна улога во политичкиот живот на земјата.
Национално народно собрание 全国人民代表大会 Чуенгуо женмин дајбјао дахуј | |
---|---|
XII Национално народно собрание I пленарна седница | |
Тип | |
Тип | |
Водство | |
I Потпретседател | Ли Џенгуо |
Генерален секретар | Ванг Чен |
Состав | |
Места | 2.987 |
Политички групи |
|
Избори | |
Последни избори | 5–17 март 2013 |
Зборно место | |
Голема народна сала, Пекинг | |
Мрежно место | |
npc.gov.cn |
Народна Република Кина |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Устав
Уставна историја
Идеологија
Право
Обединет фронт
Војска
Други теми
|
|
Во теорија, ННС е највисокиот државен орган во земјата со големи уставно-пропишани законодавни надлежности. Од 1990-тите наваму ННС претставува форум за расправање и усогласување на разликите помеѓу разните делови на партијата, владата и општествените групи. Меѓутоа, и покрај ова, извесни надворешни аналитичари сè уште го сметаат за „партиски апарат за дигање раце“.[2]