8 век п.н.е.
век / From Wikipedia, the free encyclopedia
8 век п.н.е. започнува на 1 јануари 800 п.н.е. и завршил на 31 декември 701 пред нашата ера. 8 век пред нашата ера е период на големи промени за неколку историски значајни цивилизации. Во Египет, 23-тата и 24-тата династија довеле до владеење на Нубија во 25-тата династија. Новоасирското Царство го достигнува врвот на својата моќ, освојувајќи го Царството на Израел, како и соседните земји.
Грција колонизира други региони на Средоземното Море и Црното Море. Рим е основан во 753 п.н.е. и етрурската цивилизација се проширува низ Италија. 8 век п.н.е. конвенционално се смета за почетокот на класичната антика, со што првата Олимпијада била одржана во 776 п.н.е., а еповите на Хомер датираат од периодот меѓу 750 и 650 п.н.е..
Индија од железното време преминува во Ведскиот период. Ведската вера е евидентирана во многу свештенички училишта во брахмански коментари, и најраните Упанишади го означуваат почетокот на Ведантската филозофија.