Дожд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дожд — течен врнеж, за разлика од нетечните видови врнежи како што се снег, град и лапавица. На земјата, дождот паѓа на површината кога кондензацијата на атмосферската водена пареа создава водени капки доволно тешки за да паднат. Два процеси, кои е можно да дејствуваат заедно, може да го презаситат воздухот што ќе доведе до паѓање дожд: ладење на воздухот или додавање на водена пареа на воздухот. Вирга е врнеж што почнува да паѓа кон земјата, но испарува пред да ја достигне површината на земјата, тоа е еден од начините воздухот да стане презаситен.Врнежите се формираат со судир со други дождовни капки или ледени кристали во облакот. Дождовните капки варираат во големина од сфероидна, кружна форма за поголемите капки,до мали топчиња за помалите капки.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Дел од серијата статии за природата Време |
Годишни времиња |
---|
Бури |
Тропска бура · Торнадо |
Врнежи |
Магла · Роса · Дожд |
Поврзани тематики |
Метеорологија |
Движењето на влагата покрај тридимензионалната температурна зона и разликата во влажноста позната како атмосферски фронт, е главниот метод во создавањето дожд. Ако има доволно влага и нагорно движење, врнежите паѓаат од струевитите облаци (тие со силно нагорно вертикално движење) како што се кумулонимбуси (невреме со грмотевици) којшто можат да се подредат во тесни дождовни појаси. Во планинските места, можни се поројни дождови каде што надолниот ветар е зголемен во спроти ветровите страни на теренот на надморска височина која што ја тера влажноста на воздухот да кондензира и паѓа како дожд, долж планината.Во заветрената страна на планините, може да опстојува пустинска клима заради сувиот воздух предизвикан од надолните ветрови коишто предизвикуваат загревање и сушење на воздушната маса. Движењето на монсунската зона на притисок или интертропска конвергентна зона, носи врнежливи сезони во саванските клими. Дождот е основен извор на слатките води за поголемиот дел од светот, овозможувајќи соодветни услови за различни еко-системи, како и вода за хидроцентралите и за наводнување на земјоделските култури. Врнежите се мерат со користење на дождомер. Количината на врнежи се предвидува активно со метеоролошки радар и пасивно со сателитски метеоролошки станици.
Ефектот на урбана топлинска оаза предизвикува зголемени врнежи, и количински и во интензитет, во насока на ветрот во градовите. Глобалното затоплување, исто така, предизвикува промени во начинот на врнежите, вклучувајќи ги и дождливите временски услови низ источна Северна Америка и сувите временски услови во Тропскиот појас. Врнежите се главен составен дел на водениот циклус, и се одговорни за насобирањето на најголемиот дел од слатките води на планетата. Просечната количина глобални годишни врнежи изнесува 990 mm. Климатските системи за класификација, како што е Кепеновата климатска класификација, ги користат просечните годишни врнежи за да направат разлика помеѓу различните климатски режими. Антарктикот е најсувиот континент на земјата. Познато е или се претпоставува дека дождот на другите планети е составен повеќе од метан, железо, неон и сулфурна киселина отколку од вода.