Залив
Крајбрежна водна површина поврзана со море, океан или езеро. / From Wikipedia, the free encyclopedia
Залив — крајбрежна водна површина поврзана со море, океан или езеро, образувана со вовлекување на земјата поради пречката што ја поставува околното земјиште на брановите и ветерот.[1] Заливите се јавуваат и кај езерата и барите. За заливи можат да се сметаат и тесните површини како фјордовите, гленовите и драгите.
Заливите имаат историско значење за населувањето на местата како безбедно место за риболов. Класичен пример за ваквата улога на заливите е неолитската наколна населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро.[2] Подоцна, морските заливи одиграле значајна улога во развојот на поморската трговија и, како мирни сидришта, во нив се граделе пристаништа.[3]