Персиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Персиски јазик (фарси или парси) (فارسی, [fɒːɾˈsiː]) — индоевропски јазик кој се зборува во Иран, Авганистан и Таџикистан, и од малцинства во Узбекистан, Туркменистан, Азербејџан, и земји како Бахреин, Катар и Кувајт, но и на други места. Води потекло од јазикот на древните персијци. Дел е од иранската гранка на индоевропското јазично семејство.
Персиски | |
---|---|
فارسی | |
Изговор | [fɒːɾˈsiː] |
Застапен во | Иран, Авганистан, Таџикистан, како и делови од соседните земји (на пр. Азербејџан, Бахреин, Кувајт, Ирак, Узбекистан и Русија). Исто така и во разни иранска/персиска/авганска дијаспори во САД, Обединети Арапски Емирати, Пакистан, Турција, Канада и делови од Западна Европа. |
Подрачје | Близок Исток, Средна Азија |
Говорници | ~ 62 милиони како мајчин[1] ~ 62 како втор јазик вкупно 120 милиони |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | персиско писмо (Иран и Авганистан) таџичка азбука (Таџикистан) |
Статус | |
Службен во | Авганистан[1] Иран Таџикистан[1] |
Регулативен орган | Академија на персискиот јазик и книжевност Академија на науките на Авганистан |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | fa |
ISO 639-2 | per (B) fas (T) |
ISO 639-3 | Разни: fas — Персиски prs — Источен персиски pes — Западен персиски tgk — Таџички aiq — Аимачки bhh — Бухарски deh — Деварски drw — Дарваски haz — Хазарашки jpr — Џидски phv — Пахлевиски |
Региони каде што персискиот е доминантен јазик |
Персискиот јазик и неговите варијанти се службени јазици во Иран, Авганистан и Таџикистан. Според Книга на светски факти на ЦИА, засновано на стари податоци, персискиот е мајчин јазик на околу 62 милиони луѓе во Иран,[2] Авганистан,[3] Таџикистан[4] и Узбекистан[5] и уште толку луѓе во остатокот од светот. Од УНЕСКО е побарано во 2006 да го избере персискиот како еден од неговите службени јазици.[6]
Персискиот уште одамна бил медиум за книжевни и научни придонеси кон Исламскиот свет како и на запад. Има влијание врз извесни соседни јазици, особено на туркиските јазици од Средна Азија, Кавказ и Анадолија. Помало влијание има и врз арапскиот и другите месопотамски јазици.
Пет века пред британската колонизација, персискиот јазик бил нашироко користен како втор јазик на Индискиот Потконтинент; бил важен како јазикот на културата и образованието во неколку муслимански дворови во Индија и станал „официјален“ за време на могулските цареви. Англискиот на потконтинентот почнал деловно да се употребува дури во 1843.[7] Како доказ за историското влијание наперискиот јазик во регионот ја гледаме во мерата на неговото влијание врз хиндустанскиот јазик (резултирајќи во урду), маратскиот, пенџапскиот, синдскиот и гуџаратскиот, како и популарноста која персиската книжевност сѐ уште ја ужива во регионот. Покрај ова, мал број на говорницина персиски (главно дарски и таџички дијалекти) можеме да најдеме во урбаните и западни загорја во Пакистан.