Узбечки јазик
јазик од туркиското семејство во Средна Азија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Узбечкиот[1] (узбечки: O'zbek tili / O'zbekcha или Ўзбек тили / Ўзбекча) е туркиски јазик кој воглавно се зборува во азиската држава Узбекистан. Узбечкиот е службен јазик во Узбекистан и истиот го зборуваат околу 25,5 милиони луѓе. Узбечкиот е дел од подгрупата на карлучките (или ујгурски) јазици, па така, големи сличности во поглед на граматиката и зборовниот фонд дели со ујгурскиот јазик, со одредени влијанија од персискиот, рускиот и арапскиот јазик. Денес Узбекистан е во процес на промена на азбуката, односно се заменува кирилицата со латиница. Една од најзначајните одлики на узбечкиот јазик е промена на гласот /a/ со /ɒ/ или /ɔ/, фонетска одлика типична за персискиот јазик.
Кратки факти Узбечки јазик, Застапен во ...
Узбечки јазик | |
---|---|
O‘zbek, Ўзбек, أۇزبېك | |
Застапен во | Узбекистан Кина |
Говорници | 23,5 милиони |
Јазично семејство | |
Статус | |
Службен во | Узбекистан |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | uz |
ISO 639-2 | uzb |
ISO 639-3 | uzb — опсежен код Поединечни кодови: uzn — северноузбечки uzs — јужноузбечки |
Затвори