Сатурн (планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сатурн — шеста планета од Сонцето и втора по големина во Сончевиот Систем по Јупитер. Тоа е гасовит џин со просечен полупречник девет пати поголем од оној на Земјата.[9][10] Густината на Сатурн е една осмина од просечната густина на Земјата, но со својот поголем обем Сатурн е над 95 пати поголем.[11][12][13] Сатурн е именуван по Римскиот бог на земјоделството; неговиот астрономски симбол (♄) го претставува божјиот срп.
Сатурн, гледан од Касини | |||||||||||||||||||||
Ознаки | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Орбитални особености[1][2] | |||||||||||||||||||||
Епоха J2000 | |||||||||||||||||||||
Афел | 1.513.325,783 км 10.11595804 ае | ||||||||||||||||||||
Перихел | 1,353,572,956 км 9.04807635 ае | ||||||||||||||||||||
1,433,449,370 km 9.58201720 ае | |||||||||||||||||||||
Занесеност | 0.055723219 | ||||||||||||||||||||
10,832.327 дена 29.657296 yr | |||||||||||||||||||||
378.09 days[3] | |||||||||||||||||||||
Просечна орбитална брзина | 9.69 км/s[3] | ||||||||||||||||||||
320.346750° | |||||||||||||||||||||
Наклон | 2.485240° 5.51° to Sun's equator | ||||||||||||||||||||
113.642811° | |||||||||||||||||||||
336.013862° | |||||||||||||||||||||
Познати сателити | 60 потврдени (up to 63 seen) | ||||||||||||||||||||
Физички особености | |||||||||||||||||||||
Екваторски полупречник | 60,268 ± 4 км[4][5] 9.4492 Earths | ||||||||||||||||||||
Поларен полупречник | 54,364 ± 10 км[4][5] 8.5521 Earths | ||||||||||||||||||||
Сплеснатост | 0.09796 ± 0.00018 | ||||||||||||||||||||
4.27×1010 км2[5][6] 83.703 Earths | |||||||||||||||||||||
Зафатнина | 8.2713×1014 км3[3][5] 763,59 Земји | ||||||||||||||||||||
Маса | 5.6846×1026 kg[3] 95,152 Земји | ||||||||||||||||||||
Средна густина | 0.687 g/cm³[3][5] (помалку од водата) | ||||||||||||||||||||
8.96 m/s²[3][5] 0.914 g | |||||||||||||||||||||
35.5 км/s[3][5] | |||||||||||||||||||||
Ѕвезден вртежен период | 0.439 – 0.449 day[7] (10 ч. 32 – 47 мин.) | ||||||||||||||||||||
Екваторска вртежна брзина | 9.87 км/s[5] 35,500 км/ч | ||||||||||||||||||||
26.73°[3] | |||||||||||||||||||||
Северенополна ректасцензија | 2 h 42 min 21 s 40.589°[4] | ||||||||||||||||||||
Северенополна деклинација | 83.537°[4] | ||||||||||||||||||||
Албедо | 0.342 (bond) 0.47 (geom.)[3] | ||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
+1.2 to -0.24[8] | |||||||||||||||||||||
14.5" — 20.1"[3] (excludes rings) | |||||||||||||||||||||
Атмосфера[3] | |||||||||||||||||||||
Споредбена височина | 59,5 km | ||||||||||||||||||||
Состав по зафатнина |
| ||||||||||||||||||||
Внатрешноста на Сатурн е составена од јадро железо–никел и каменитите (силициумови и кислородни) соединенија. Ова јадро е опкружено со длабок слој на метален водород, среден слој на течен водород и течен хелиум, и надворешен слој од гас. Сатурн има бледо жолта боја која се должи на присуствоито на кристали на амонијак. Електричната струја која се создава во рамките на слојот од метален водород овозможува да се создаде Сатурновото магнетно поле, кое е послабо од Земјиното, но има магнетен момент 580 пати поголем од оној на Земјата поради поголемата зафатнина на планетата. Сатурновото магнетно поле е со сила со јачина од една дваесеттина од онаа на Јупитер.[14] Надворешната атмосфера е обично еднобојна и со слаб контраст, но можно е да се забележат и некои подолговечни појави. Ветриштата на Сатурн може да достигнат брзина и од 1800 км/ч или 500 m/s, поголема отколку на Јупитер, но не толку голема како на Нептун.[15]
Планетарно најпозната одлика на Сатурн се неговите истакнати планетарни прстени кои се составени воглавно од мраз, со помала количество на карпести честички и прашина. Познати се околу 62 месечини[16] во орбитата околу Сатурн, од кои 53 се официјално именувани. Ова не ги вклучува стотици месечинки во прстените. Титан, е најголемата месечина на Сатурн, а втора по големина во Сончевиот Систем, поголема е од планетата Меркур, но помалку масивна, и е единствената месечината во Сончевиот Систем која поседува атмосфера.[17]